Инфлацијата во Германија во октомври, според прелиминарните процени, забрзала на рекордни 10,4 отсто на годишно ниво од 10-те отсто претходниот месец, произлегува од соопштението од петокот на Сојузниот завод за статистика Destatis.
Аналитичарите, во анкетата на економскиот портал DailyFX, очекуваа забрзување на стапката на само 10,1 отсто.
Во октомври потрошувачките цени во Германија, според првичните процени, пораснале за 0,9 отсто. Во септември растот изнесуваше 1,9 отсто, по што аналитичарите очекуваа дека индексот ќе порасне за 0,6 отсто.
Притоа, потрошувачките цени во Германија според стандардите на ЕУ (односно хармонизираниот индекс на потрошувачките цени), според прелиминарните процени го забрзале растот на 11,6 отсто на годишно нови, од 10,9 отсто еден месец порано. А во октомври цените пораснале за 1,1 отсто, по растот од 2,2 отсто претходниот месец.
Аналитичарите очекуваа показатели од 10,9 и 0,5 отсто соодветно.
Истовремено цените на енергијата пораснале за 43 отсто на годишно ниво, по 43,9 отсто во септември, наведува Destatis кој објавува податоци за инфлацијата на месечно ниво со дополнително ревидирање на показателите.
Денеска, исто така, и Италијанскиот институт за статистика (ISTAT), ги објави податоците за инфлацијата во земјата за октомври и според него таа пораснала на 11,9 отсто на годишно нови, што е најголемата стапка од 1984 година.
Станува збор за значително повеќе од септемвриската стапка на инфлацијата којашто изнесуваше 8,9 отсто.
Од ISTAT наведуваат дека остриот раст во октомври бил поттикна со зголемувањето на цените на енергијата на 73,2 отсто, во споредба со 44,5 отсто во септември, како и растот на цените на храната од 13,1 отсто за разлика од 11,4 отсто ве септември.
Забрзаниот раст на цените на храната доведува и до зголемување на цената на потрошувачката кошница во Италија. Особено, според експертите, цените на храната, на производите за домаќинствата и личната хигиена во октомври пораснале за 12,7 отсто.