Канада им се придружи на САД и на Обединетото Кралство откако нејзината годишна инфлација во јуни достигна највисоко ниво во полседните 40 години.
Индексот на потрошувачките цени достигна 8,1% на годишно ниво во јуни, по растот од 7,7% во мај, објави во средата Statistics Canada, додавајќи дека зголемувањето е најголемата годишна промена од јануари 1983 година.
Забрзувањето во јуни главно се должи на повисоките цени на бензините, кои пораснаа за неверојатни 54,6% на годишно ниво, објаснува агенцијата за статистика.
Платите на час не успеаја да ја достигнат инфлацијата, зголемувајќи се за само 5,2% во споредба со истиот период минатата година, додаде Statistics Canada.
Иако е на скоро 40-годишен максимум, стапката на инфлација во јуни во Канада е сè уште пониска од нивоата забележани во САД (9,1%, најголем пораст од 1981 година) и во Обединетото Кралство (9,4%, највисок пораст од 1982 година).
Инфлацијата расте низ развиените земји во услови на влошување на енергетската криза предизвикана од густото снабдување со сурова нафта и природен гас, што, пак, беше влошено со меѓународните санкции против Русија, главен извозник на фосилни горива.