Инфлацијата во САД благо забрза и во декември

Инфлацијата во Сосединетите држави благо забрза и во декември, со остро зголемување на цената на гасот и значително поблаг пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд во средата.

Потрошувачките цени се повисоки за 2,9 отсто во декември отколку во истиот месец во 2023 година, пресметало Министерството. Тие се зголемија за 2,7 отсто во ноември и за 2,6 отсто во октомври, што сигнализира мало забрзување на инфлацијата првпат од ланскиот март.

Кога ќе се изостават ценитена енергијата и храната, цените во декември се за 3,2 отсто повисоки во однос на истиот месец претходната година, покажуваат пресметките на Министерството. Во ноември тие беа повисоки за 3,3 отсто.

Цените на храната во декември пораснале за 1,8 отсто, нешто повеќе од претходниот месец.

Цената на гасот, пак, остро порасна, за цели 4,9 отсто во однос на декември 2023 година. Во ноември поскапе за 1,8 отсто. Струјата поскапе за 1,8 отсто, приближно исто како и претходниот месец.

Бензините во декември беа поевтини за 3,4 отсто од претходната година. Во ноември неговите цени беа пониски за 8,1 отсто.

Трошоците за изнајмување или одржување на дом повторно се зголемени за нешто помалку од 5 отсто.

Месечната споредба, исто така, покажува малку посилен пораст на цените, за 0,4 отсто во однос на ноември кога пораснале за 0,3 отсто.

Без енергија и храна, поскапеа за 0,2 отсто, нешто пониско од претходниот месец.

Најмногу во декември поскапеле нафтата за греење и бензинот, дури 4,4 отсто во однос на ноември. Значително поскапеа и бензините за домаќинствата, за 2,4 отсто.

Американците мораа да потрошат 0,3 отсто повеќе на храна во декември отколку во ноември, што сигнализираше поблаг пораст на цените.