Инфлацијата во Соединетите држави забрзала во март, како одраз на растот на цените на бензините, покажа извештајот на Министерството за труд објвен во во средата.
Годишната стапка на инфлација во најголемата светска економија во март изнесуваше 3,5 отсто и е за 0,3 процентни поени повисока отколку во февруари, покажуваат податоците на Министерството.
Без цените на храната и енергијата, базичната инфлација изнесува 3,8 отсто, исто како и во февруари, покажуваат пресметките на Министерството.
Бензините поскапеле за 1,3 отсто на годишно ниво. Во февруари, пак, тие беа речиси за 4 отсто пониски отколку во истиот месец лани.
За струја морало да се издвојат 5 отсто повеќе од пред една година. Во февруари електричната енергија поскапе за 3,6 отсто.
Гасот, пак, поевтинил за 3,2 отсто, но многу поблаго отколку во февруари, кога чинеше речиси 9 отсто помалку од пред една година.
Забележливо е дека цената на превозот повторно пораснала на годишно ниво, за речиси 11 отсто, нешто посилно од февруари, покажува извештајот.
Растот на цените на храната на годишно ниво е стабилен и во март изнесува 2,2 отсто.
На месечно ниво, потрошувачките цени во САД се зголемени за 0,4 отсто, како и во февруари. Стапката на основната инфлација, во која не се вклучени енергијата и храната, бележи и постојан пораст на цените, исто така со стапка од 0,4 отсто, покажуваат табелите на министерството.