Инфлацијата во Шведска достигна 10 отсто, за првпат од 1991 година

Инфлацијата во Шведска на крајот на минатата година, за првпат од 1991 година, надмина 10 отсто, покажуваат податоците на шведскиот Институт за статистика.

„Годишната стапка на инфлација CPIF (индекс на потрошувачки цени со фиксна каматна стапка) во декември 2022 година изнесуваше 10,2 отсто во споредба со 9,5 отсто во ноември“, се вели во соопштението.
Истовремено, на месечно ниво, индексот на потрошувачките цени од ноември до декември е зголемен за 1,9 отсто.
Според портпаролот на Институтот, Микаел Нордин, овој процес е поттикнат од поскапувањето на струјата, која во декември поскапе за речиси 29 отсто во однос на претходниот месец.
Како што се наведува, во текот на годината струјата поскапела за 45,3 отсто, храната за 18,6 отсто, мебелот и покуќнината за 16,3 отсто, а горивото за 16,7 отсто.