Во јули годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто, објави во понеделникот турскиот институт за статистика. Станува збор за втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јули се зголемени за 58,91 отсто на годишно ниво, како и цените на транспортот за 46,07 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 76,04 отсто, облеката и обувките за 39,57 отсто, услугите во здравството 63,02 отсто, но во сите наведени категории годишниот раст на цените е побавен во однос на јуни.
На месечна основа инфлацијата е зголемена за 3,23 отсто во однос на јуни, објави веб-страницата Turkstat. Годишната стапка на базичната инфлација во Турција падна од 71,41 отсто во јуни на 60,23 отсто во јули, пишува Bloomberg News.