
Инфлуенсерка од Сицилија на возраст од 48 години е обвинета за поттикнување на самоубиство по смртта на девојченцето кое учествувало во бизарната „игра“ на задушување на социјалната мрежа TikTok, објави во четвртокот италијанската полиција.
„Истражителите (…) пронајдоа на социјалната мрежа TikTok поврзување кое води до профил на сицилијанска инфлуенсерка на којашто се наоѓало видео со ‘предизвикот’ на жени и мажи во кој тие сосема ги покриваат лицата, вклучително и устата и носот, со проѕирен селотејп, така што не можат да дишат“, појаснува полицијата во соопштението.
„Ова видео, многу опасно бидејќи може да го видат сите корисници, без никакви рестрикции, и да поттикне млади на имитирање …. е отстрането од платформата TikTok“, се додава во објавата.
Сицилијанската инфлуенсерка „објавила многу други случи ‘видео предизвици’ со коишто станала популарна и привлекла 731.000 пријатели“. Еден од корисниците дури ѝ порачал: „Здраво… ако ми кажеш добар ден, се колнам дека ќе се фрлам низ прозорецот“.
Нејзиниот профил на социјалните мрежи се блокирани и запленета е нејзината информатичка опрема, додава полиција.
Минатата седмица во Палермо десетгодишно девојченце се задуши додека учествувала во „предизвикот за задушување“ снимајќи се со мобилниот телефон на TikTok.
Таканаречената игра на задушување, во којашто се прекинува дишењето до бесвестица поради силните сензации, секоја година предизвикува несреќи, некои и со смртни исходи.
Случајот предизвика жестоки осуди во Италија и тамошната Агенција за заштита на личните податоци привремено го блокираше пристапот до TikTok на корисниците чијашто возраст не е сигурно потврдена. Најниската возраст за легална регистрација на TikTok е 13 години.
Во заднината на оваа трагедија, истата агенција побара во средата од Facebook и Instragram појаснувања за пристапот на малолетниците до овие мрежи.