Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Домот на културата во Струмица организира Инфо денови за информирање на земјоделците за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата.
Вработени во Министерството во два термини ќе ги информираат заинтересираните претставници на мали и микро претпријатија и земјоделците за можностите за користење на овие средства.