„Инфомакс“: Човекот на Бејли задолжен за СЈО и притисок врз судии фатена на дело!

Човекот за врска вработен во амбасадата на САД задолжен за координација помеѓу амбасадата на САД и СЈО, Кристина Каранакова е донесена со службен џип во суд дента кога се одлучуваше за предметот „Тврдина“. Што бараше амбасадата и постои ли поврзанист со барањето на СЈО да се изземе судијата?, пишува Инфомакс.

Кристина Каранакова својoт подем во кариерата го стартува по доаѓањето на Љубомир Фрчковски (со кого се шпекулира дека има наводна афера) на чело на МВР, кога станува помошник-министер за меѓународна соработка (тогаш раководител), а набрзо по тоа развива силни врски со „човекот за се“ на Амбасадата на САД Митко Бурчевски. Користејќи ги силните врски на Доста Димовска со администрацијата на САД и ЦИА, Кранакова бара препорака од МВР која ја добива подоцна и се вработува во амбасадaта на САД како асистент на тогашниот амбасадор, за денес да стане прв човек до Бејли задолжена за координација со СЈО, односно нарачки на политички монитирани случаи против врвни функционери од Владата и ВМРО-ДПМНЕ, пишува порталот Инфомакс.

Порталот нагласува дека иако речиси сите предмети кои досега ги покренува СЈО немаат апсолутно никаква основа за судски процес, Каранакова секојдневно врши притисок врз судиите и судовите, а последно е снимена како со службен џип од Амбасадата на САД е донесена во Кривичниот Суд во Скопје непосредно пред одлучувањето на судиите за предметот „Тврдина“, а откако забележала дека пред судот има новинари се упатила на задниот влез.