Информациите на Заев се дека Пендаровски не е следен од тајни служби

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите во саботата рече дека Стево Пендаровски е безбеден и дека неговите информации велат дека претседателскиот кандидат на СДСМ не е следен од тајни служби, кој пак има спротивно мислење.

Стево е само фотографиран од одредени лица, рече премиерот Заев.

Сепак Пендаровски. и денеска потврди дека случајот го пријавил во МВР и дека очекува полицијата да си ја заврши работата. Вели дека причина за неговиот страв се изјавите на Оливер Спасовски кој му беше еден од најсериозни противкандидати во внатрепартиската трка за нов шеф на државата

Инаку Пендаровски претходните денови во неколку наврати посочи дека најверојатно е следен од „странска разузнавачка служба блиска до опозициска партија“, осврнувајќи се на тоа дека во неколку дена излегле три фотографии на социјалните мрежи од неговите движења.

Од МВР велат дека работат на случајот и дека многу наскоро ќе излезат со точни податоци околу тоа дали е следен или не претседателскиот кандидат на СДСМ.