На денешната средба посветена на проектот „ Купи куќа за млади “, министерот за финансии, Зоран Ставрески подвлече дека ова е одличен проект, кој кај граѓаните пробудил особен интерес.
Проектот е извонредно добро дизајниран, бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на средства за добивање на кредит.
-Дизајниран е на база на контакти со младите луѓе и од тој аспект нема сомнеж дека одговара на нивните потреби, подвлече Ставрески.
Инаку во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години“. Но и организиран е караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.
-За да не се остане само на караванот и на едно дневно присуство во градовите, разговаравме со директорот на УИПР и УЈП за во сите градови каде што има подрачни единици на УИПР и УЈП да се отвори постојана канцеларија, каде што вработени од институциите ќе им даваат информации на граѓаните, подвлече Ставрески.