Надлежните го истражуваат потеклото на милионите кои Александар Родиќ преку роднини, соработници и фантомски фирми ги уплаќал на своите деловни сметки. Управата за перење пари детално ги испитува сите сомневања, пишува српскиот портал Информер.
Сопственикот на рекетарскиот „Курир“, Александар Родиќ, кој на име на даноци и невратени кредити кон државните банки должи дури 8.044.574 евра се наоѓа под истрага поради сомневање дека перел пари, открива Информер.
Според нивните извори, надлежните државни органи, по налог на обвинителството, го истражуваат потеклото на милионите евра кои Родиќ преку роднини, соработници и фантомски фирми ги уплаќал на своите деловни сметки.
Порталот пишува дека е утврдено дека Родиќ со соработниците има вкупно 24 поврзани фирми кои ги користел за да избегне данок и максимално ја отежнал финансиската контрола. Тој сложен систем, по се изгледа му послужил да испере милиони евра од непознато потекло.
-Утврдено е дека Родиќ на сметките на поединечни свои фирми има голема количина на пари, во прашање се милиони евра, за кои не може да се докаже потеклото. Затоа надлежните веќе издадоа налог до Управата за перење пари да покрене посебна финански истрага. Постои основано сомнение дека Родиќ милионите во кеш до кои со години доаѓал со уцени и рекетирање ги префрлал на сметките на своите фирми, и тоа преку сложен систем на поврзани лица и фирми со цел да ја замати трагата, објаснува изворот на Информер.
-Според досега достапните податоци, системот на Родиќ одел така што тој парите кои ги добивал на нелегален начин, преку фантомски фирми ги уплаќал на сметката на „Адрија медија груп“ и други фирми кои ги држел релативно чисти и кои му служеле и за јавна употреба. —-Така фактички тој ги перел рекетарски заработените пари и ја оштетил државата за милионски износи на даноци, вели изворот.
Родиќ не одговорил на повиците на Информер, а засега официјално се нема огласено ниту Управата за перење пари.
Од друга страна, пратникот на СНС, Владимир Орлиќ вели дека Родиќ одамна живее во сложена клупа на сопствените лаги, бесчувствителна пропаганда, странски интереси, домашни тајкуни, пропалични лидери на поранешниот режим и безбројните измамени доверители.
-Логично е дека во тој тотален хаос ниту финансиите да не бидат ништо помалку матни и нејасни. Не ме чуди што на крајот на сето тоа, потеклото на парите на неговите бројни сметки е потполна енигма. Тоа неговите неодмерени обврски кон државата, сепак, не ги прави помали, а не може никако да ги оправда ниту неговата најдобра кампања против Александар Вучиќ, заклучува Орлиќ.
Аналитичарот Владимир Џамиќ укажува дека и самото затајување на данок од страна на Родиќ е доволен за надлежните да реагираат.
-Сега некои опозиционери го поддржуваат „Курир“ на Родиќ, за кого до пред два месеци говореа дека е политички памфлет и ѓубре. Го поддржуваат само заради тоа што веќе месец и пол води хајка против претседателот на Србија кој инсистира на плаќање данок. Затајувањето на данок не се толерира никаде на земјината топка, оценува Џамиќ.