Иниеста останува во Барселона до крајот на кариерата

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, одлучи да го продолжи договорот со Барселона до крајот на кариерата и со тоа шпекулациите за продолжување на неговата кариерата се завршени.

Барселона објави дека договорот е постигнат. На официјалната страница на клубот е напишано:

Андрес Иниеста потпиша договор со Барселона во петокот, според кој ќе остане во клубот до крајот на кариерата.

Иниеста досега одиграл 639 натпревари и 55 гола за Барселона и е втор по бројот на настапи во историјата на каталонскиот клуб.

Од 2015 година, Иниеста е капитен на Барселона и е еден од вистинските симболи на клубот во кој дојде на возраст од 12 години во 1996 година.