Иниго Мартинез стана најскапиот играч во историјата на Атлетик

Шпанскиот фудбалски великан Атлетик од Билбао го ангажираше досегашниот играч на својот најголем ривал Реал Сосиедад, 26-годишниот Иниго Мартинез со кој потпиша договор на пет и пол години.

Вредноста на трансферот изнесува 32 милиони евра, со што Мартинез стана најскапиот уграч во историјата на Атлетик.

Во тимот од Билбао, кој е познат по тоа што ангажира само Баски, Мартинез треба да го замени 23-годишниот Аимереик Лапорте кој во понеделникот се пресели во Манчестер Сити за 65 милиони евра.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Мартинез пред неколку сезони изјави дека никогаш во кариерата нема да заигра за Атлетик, што имајќи го предвид големото ривалство коешто владее меѓу двата баскиски клуба беше разбирливо и очекувано.

„Мислам дека тие никогаш нема да дојдат тука и да им понудат на своите најголеми ривали 30 милиони евра за кој и да е играч. Впрочем, јас никогаш не би заминал на другата страна и затоа сум мирен“, изјави своевремено Мартинез.