Јапонeцот Наоја Иноуе стана неприкосновен светски шампион во супербантам категорија до 55 килограми во вторникот, откако го нокаутираше Филипинецот Марлон Тапалес во 10-та рунда од мечот во Токио, враќајќи ги четирите појаси во оваа категорија, откако истото го направи и во бантам категорија пред една година.
Иноуе, наречен „Чудовиште“, го испрати на подот Тапалес со десно кроше, а овој удар му ги додаде титулите на ВБА и ИБФ титулите на појасите во ВБЦ и ВБО во негова сопственост.
Јапонецот, кој останува непоразен со рекорд од 26 победи од кои 23 со нокаут, така стана само вториот човек кој има четири светски титули во две различни тежински категории. Севкупно, Иноуе освои титули во четири различни категории со лесна мува категроија во 20140та ВНО супермува категорија од 2014 до 2018 година, заедно со категориите бантам и супербантам.
Тоа го направи Американецот Теренс Крафорд, кој во јули го победи својот сонародник Ерол Спенс за сите четири појаси во полутешка категорија.
На Иноуе, која има 30 години, му беа потребни само две борби за да стане неприкосновен владетел во супербантам категоријата. Тој во јули, за време на дебито во оваа категорија, го победи Американецот Стивен Фултон и ги освои ВБЦ и ВБО појасите. Тапалес, кој го победи Узбекистанецот Муроџон Ахмадалиев со поделена судиска одлука во април и ги освои титулите на ИБФ и ВБА, не можеше да го избегне четвртиот пораз во кариерата.