Операторит на нуклеарната централа во украинскиот јужен регион Запорожје, којашто од февраури минатата година е под контрола на Русија, го згаснала двата реактора поради редовни работи на сервисирањето, соопшти во вторникот управата на најголемата нуклеарка во Европа.
Иако, од крајот на февруари 2022 година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на Русија а од ланскиот септември по референдумот а присодиенување на уркаинскиот регион на Руската Федерација е приклучена на рускиот енергетски систем, Украина постојано ја обвинува Москва дека наводно ја ракетира централата. Русија, пак, возвраќа дека украинската војска изведува опасни гранатирања и се обидува да предизвика саботажа со катастрофални последици за кои сака да ја обвини руската страна.
Меѓународнаата агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) од минатата година спроведува редовни инспекции во нуклеарката Запорожје и настојвуа да воспостави безбедносен механизам за да спречи можни несреќи. Сега нејзините инспектори кои се наоѓаат во централата „забележале“ мини во тампон зоната меѓу двете страни, но како и во досегашните извештаи не наведуваат децидно која од завојуваните страни ја загрозува безбедноста на централата.
Според МААЕ, еден од шесте реактори – блокот 4, мора постојано да биде држан во ткн „жежок“ режим на гаснење за и натаму да ја произведува пареата неопходна за нуклеарната безбедност, вклучително и преработка на течниот радиоактивен отпад во цистерните за скалдирање.
„За да спроведеме редовна техничка инспекција на опремата во блокот 5, управата реши да го префрли тој блок во режом на ‘ладно’ гасење, но за да обезбедиме пареа за потребите на централата, рекаторот на блокот 4 е во ‘жежок’ режим на гаснење“, објави управата.
Во „ладната“ фаза на гаснење водата се загрева до 70, додека во „жешката“ фаза се загрева до 200 Целзиусови степени.
Од МААЕ потврдија дека се известени за состојбата во нуклеарната централа и инспекциите кои се спроведуваат. Според операторот, во завршната фаза централата Запорожје ќе биде потполни споена на руската енергетска мрежа, но во моментов ниеден од шесте реактори, поради безбедносни причини, не произведува електрична енергија.
АЕЦ Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Дњепар во близина на градот Енергодар. Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа според број единици и инсталирана моќност – има шест енергетски блокови со моќност од еден гигават. На почетокот на ланскиот септември, мисијата на МААЕ предводена од генералниот директор Рафаел Гроси пристигна во Запорожје, а двајца стручањаци на агенцијата останаа во нуклеарната централа на постојана основа.