Еден инспектор е уапсен од Државниот пазарен инспекторат, од МВР информираат дека инспекторот е уапсен поради злоупотреба на службена должност.
Според информациите на МВР, инспекторот имал пријател на кого му се расипал компјутерот и откако не успеал да си ги врати парите од продавницата или да земе нов компјутер, се обидел преку инспекторот да го издејствува истото.
Инспекторот беше уапсен на неговото работно место во Државниот пазарен инспекторат.