![ministertsvo za lokalna samouprava](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/ministertsvo-za-lokalna-samouprava.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Инспекторите за локална самоуправа следната недела ќе одат во контрола на општините Штип и Аеродром.
Овој надзор е најавен откако советниците ги потпишаа свечените изјави со „Република Македонија“, наместо со новото уставно име. Ако Инспекторатот утврди неправилности има две сценарија.
„Ако се констатира одредена неправилност односно неуставност и незаконитост во потпишаните изјави тогаш ќе им се укажува во одреден рок да ги поправат грешките и крајниот случај, ако не постапуваат по однос на нашите укажувања тогаш ќе се оди во контролен инспекциски надзор и тогаш ќе се носи Решение за запирање на примена на пропис што е дадено е дадено како надлежност на нашата инспекциска служба“, вели инспекторот за локална самоуправа, Рахим Муслио.
Втората опција е најнепосакувана, затоа што тогаш случајот ќе заврши пред Уставен суд.
Министерството за локална самоуправа денеска преку соопштение побара од сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат Уставот и законите на оваа држава од каде потенцираат дека нема да дозволи незаконско работење на советите.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат.
Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд.