Пазарните инспектори излегоа на терен да направат проверка на цените на производите кои се дел од оваа новогодишната кошничка. Се гледаат сегашните износи на продуктите и кога тие биле најевтини.
Ова се прави за да се види дали трговците од викендов односно понеделник од кога треба над 600 производи да добијат пониски цени за најмалку 10 отсто ќе си стојат на зборот и ветувањето кое и го дале на Владата и синдикатите.
Намалувањето треба да биде од најниската цена која ја имале овие производи во последните 30 дена.
Инспекторите се надеваат дека нема да има злоупотреби затоа што трговците сами предложиле кои производи да поевтинат. Ако пак кај некои има поскапување пред да почне акцијата, во тој случај од пазарен тврдат дека ќе ги казнуваат согласно законот за заштита на потрошувачите, нечесни трговски практики и измамнички дејствија.
Од пазарената инспекција апелираат и до граѓаните да ги пријават до нив сите неправилности и злоупотреби.
Околу 100 компании производители и дистрибутери понудија поевтинување на над 600 производи кои пак може да се видат на страната моја кошничка. Акцијата ќе важи до 15 јануари. И од ССМ се надеваат дека трговците ќе бидат општествено одговорни, а дел од експертите дека праксата со кошнички ќе престане затоа што нема ефект и тоа неколку пати досега се покажало.