Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ по преземањето на мобилниот операторот Lyca mobile во текот на изминативе две недели спроведува интеграцијата на техничките системи од овој оператор во МТЕЛ системот и мрежата.
Интеграцијата на техничките системи се спроведува со фокус на зајакнување на онлајн безбедноста имајќи ги предвид сите онлајн закани со кои се соочиле во минатото, но и да се превенираат такви појави во иднина.
Најдоцна за 30 дена е планирано да финишира оваа интеграцијата по што за купување нови пакети и надополнувања на своите сметки тие ќе бидат пренасочени кон нова платформа каде МТЕЛ има имплементирано најсовремени безбедносни протоколи и алатки за заштита на корисниците од различни форми на онлајн измама:
Сите трансакции спроведени преку платформите на МТЕЛ се шифрирани и следени за да се обезбеди највисоко ниво на безбедност за финансиските информации на корисниците.
Посветениот тим на МТЕЛ е достапен за да им помогне на корисниците со какви било проблеми или инциденти.
Доколку било кој корисник се соочува со проблем при користење на сајтот на Lyca mobile за купување нови пакети и надополнување на своите сметки тоа може да направи на повеќе од 1.000 малопродажни објекти низ Македонија, меѓу кои бензинските станици на Макпетрол, Lukoil, Anhoch, Ramstore, Жито маркети и други локации.
Корисниците ќе уживаат во непрекината услуга додека преминуваат кон мрежата на МТЕЛ, заедно со мноштво нови поволности, вклучувајќи подобрена покриеност, побрз интернет и пристап до широката палета на услуги на МТЕЛ.
Како компанијата, остануваме посветени на обезбедување безбедно и пријатно дигитално искуство за сите корисници преку имплементација на врвна технологија и најдобри практики за заштита на клиентите од онлајн закани.