Информатичката компанија „Интел“ со приход од 13,2 милијарди долари го заврши вториот квартал од оваа година. Како што соопшти компанија, остварените приходи се во рамки на предвидувањата.
Во посочениот период одделот „Клинет Компјутинг Груп“ на „Интел“ оствари приход од 7,5 милијарди долари, што претставува пораст од два проценти на квартално ниво, но и намалување за 14 отсто во однос на истиот период лани.
Одделот „Дејта Сентер Груп“ на Интел со приход од 3,9 милијарди долари го завршува вториот квартал, што претставува зголемување за пет проценти на квартално и за 10 отсто од годишно ниво.
„Интерент оф Тингс Груп“ одделот заработил 559 милиони долари, а „Софтевр и сервисис“ има квартален приход од 534 милиони долари.
– Резултатите во вториот квартал ги покажаа резултатите од трансформацијата на нашиот бизнис, како што е растот кај центрите за податоци, меморијата и IoT, кој изнесува повеќе од 70 проценти од нашиот оперативен профит и помогна да се надоместат предизвиците на пазарот, изјави извршниот директор на „Интел“, Брајан Крзанич.