Продолжуваат интензивните активности на ЈП „Комунална Хигиена“ за чистење на булеварите и улиците кои се во надлежност на Град Скопје.
Во насока на намалување на загадувањето на воздухот, ЈП „Комунална Хигиена“ во три смени на целата територија на Градот вршат машинско миење на улиците со поголем број автоцистерни.
Покрај машинското миење со цистерни, на терен булеварите и градските улици се мијат и рачно со пумпи и се чистат со четири специјални комунални возила – метлачки.
Интензивните активности на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во наредниот период.