Бранителите на титулата во Италијанскиот фудбалски куп, фудбалерите на Интер се првите четвртфиналисти на овосезонското издание, откако го победија второлигашот Парма со 2:1 по продолженијата како домаќини во осминафинале во вторникот.
Гостите од Парма беа на дофат на сензација, бидејќи водеа со 1:0 до 88 минута со одличниот гол на хрватскиот играч за врска Станко Јуриќ, но во 88 минута Лаутаро Мартинез успеа да израмни и во дополнителните половина час, а победата на фаворитот му ја обезбеди Франческот Ачерби во 110 минута.
Јуриќ, кој влезе во игра во 26. минута наместо повредениот соиграч Ман, шутираше од 20 метри во 38 минута, а неговиот удар заврши во горниот лев агол на немоќниот Онана. Предноста гостите од Парма ја држеа до самиот крај на мечот кога Лаутаро со удар од врвот на шеснаесетникот го совлада 45-годишниот Џанлуиџи Буфон и го одведе мечот во продолженија. Победничкиот гол за Интер го постигна стоперот Ачерби, кој налета на одбиена топка и со спектакуларен удар со глава од повеќе од 16 метри го совлада Буфон.
Во четвртфиналето, Интер по три седмици ќе биде домаќин на подобриот од мечот Аталанта – Специја, закажан за 19-ти јануари.
Во среда во осминафиналето играат Милан – Торино, во четврток на распоредот се дуелите Фиорентина – Сампдорија и Рома – Џенова, Наполи и Кремонезе својот осминафинален натпревар ќе го одиграат на 17-ти јануари, додека на 19-ти јануари покрај натпреварот меѓу Аталанта и Специја се среќаваат Лацио – Болоња и Јувентус – Монца.