Интер го демолираше Киево и го презема врвот во калчото

Фудбалерите на милански Интер со високо 5:0 го декласираа тимот на Киево во 15-то коло од италијанскиот шампионат и го преземаа врвот на табелата по петочниот пораз на Наполи на свој терен од актуелниот шампион Јувентус.

Во последниот меч од неделната програма Лацио на гостувањето со 2:1 ја совлада Сампдорија, и тоа со пресврт во последните десет минути од мечот. Домашните поведоа во 56 минута со голот на Даниел Запата, а изедначи Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 80 минута. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Фелипе Каиседо во судиското продолжување им ја донесе победата на гостите.

Во претходно одиграниот дуел на „Сан Сиро“ Интер со трите гола на Иван Перишиќ, во 23, 57 и втората минута од судиското продолжување, Мауро Икарди во 38 минута и на Милан Шкрињар во 60 минута. Тоа беше одлична претстава на „нероаѕурите“ со кој дојдоа на врвот од табелата.

Убедлива победа оствари и Фиорентина која на „Артемио Франки“ го порази Сасуаоло со 3:0. Стрецли беа Џовани Симеоне во 32, Жордан Веретут во 42 и на Федерико Киеза во 71 минута.

Изненадувањето на колото го направи последнопласираниот клуб Беневенто го освои првиот бод сезонава во Серија А, одигрувајќи дома 2:2 со Милан, а вредниот гол го постигна од игра во петтата минута во судиското продолжување голманот на домашните Алберто Брињоли.

Во понеделникот колото го затвораат Кротоне и Удинезе, како и Верона и Џенова.

Интер го презема водството на табелата со 39 бодови, Наполи сега е втор со 38 бодови, а Јувентус ја намали разликата и има 37 бодови. Четврта е Рома со 34 бодови, а Лацио е петти со 32 бодови.