Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Интер, Фреди Гуарин, потврди дека е точна информацијата дека неговиот агент моментално преговара со раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но истовремено ја демантираше шпекулацијата дека веќе остварил контакт со менаџерот на “сините”, Жозе Мурињо.
“Не е точно дека сум имал телефонски разговор со менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо. Јас не се мешам во работата на мојот агент. Јас само се надевам дека раководните лица на Интер ќе ја забележат мојата желба, ќе сфатат дека сакам да останам на “Џузепе Меаца”. Сепак, не можам да демантирам дека нема никакви преговори со челниците на Челзи, но јас сум целосно фокусиран на Интер”, изјави Гуарин.
Најавениот трансфер ќе биде реализиран само доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 15 милиони евра.