Интер го суспендира Наинголан

Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано пропуштен тренинг.

Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање.

Фудбалскиот клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината, соопштил извор близок до клубот.

Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со Наполи закажан за в среда на 26 декември.

Наингголан се пресели ова лето во Интер од Рома за 38 милиони евра плус Николо Заниоло во пакет. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари и постигна три гола.