Интер и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за Алексис Санчез

Интер и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за Алексис Санчез, пренесува Би-Би-Си. Двата клуба преговараат неколку недели за Чилеанецот, а платата на играчот од 400 до 500.000 фунти и понатаму проблематична и сериозно ја тресат структурата на платите на „црвените ѓаволи“.

Од „Олд Трафорд“ сакаа да преговараат за договор во кој поголемиот дел од платата ќе ја плаќа италијанскиот тим. Првично, Интер понуди да дава околу 150,000 фунти, но последователно ја зголеми понудата и ова доведе до сериозен напредок во преговорите.

Во оваа фаза, сè уште не е постигнат договор за задолжителната откупна сума следното лето и не е јасно во оваа фаза дали таа нужно ќе се бара. Алексис Санчез се очекува да се приклучи на составот на Антонио Конте во следните неколку дена, каде ќе му се придружи на неговиот поранешен соиграч од Манчестер, Ромелу Лукаку, кој се премина на „Меаца“ порано ова лето за 73 милиони фунти.