Во дербито од 21-то коло на италијанското фудбалско првенство во неделата во Милано Интер и Рома одиграа без победник 1:1.
Гостите од Рим поведоа во 31 минута со голот на Стефан Ел Шарави кој искористи голема грешка на одбраната на Интер. Голманот на „волчицата“ долго дегажираше а покрај задреманата одбрана на домашните топката стаса до Ел Шарави кој се втурна кон противничкиот гол и поентираше за водството. Интер успеа да изедначи дури во 86 минута, кога Марсело Брозовиќ нафрли од левата страна а Матиас Векино со глава ја затресе мрежата за 1:1.
Претходно во неделата Наполи на гостувањето со 1:0 ја совлада Аталанта, а решавачкиот гол го постигна Дриес Мертенс во 65 минута по асистенцијата од Хозе Каљехон. По оваа победа Наполи на врвот на првенствената табела има четири бодови предност пред Јувентус кој во понеделникот ќе се соочи со Џенова.
Лацио на домашен терен со 5:1 го совлада Киево, привремено скокнувајќи на третата позиција на Серија А. Најдобар играч на мечот беше двојниот стрелец српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 31 и 68 минута, а голови постигнаа уште Луис Алберто во 23 Вастос во 82 и Нани во 96 минута Гостите успеаја само да изедначат во 25 минута преку Мануел Пукарели.
Милан со многу напори успеа да дојде до победата од 2:1 на гостувањето кај Киево. Домашните поведоа во 8 минута преку голот на Николо Барело, но Милан направи пресврт со головите на Франк Кесија. Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска израмни од пенал во 36 минута а во 42 минута по вторпат прецизно стрелаше во противничката мрежа. Во второто полувреме немаше погодоци но двајца играчи беа исклучени. Прво во 65 минута домашните останаа без стрелецот на голот, а во 88 минута исклучен беше и бекот на гостите Рикардо Родригез.
Сампдорија неочекувани лесно со 3:1 ја совлада Фиорентина. Херој не дуелот беше Фабио Кваљареал кој постигна хет-трик, во 30, 60 и 68 минута, а поразот на „виолите“ го ублажи Карлос Санчез во 80 минута.
Удинезе и СПАЛ одиграа 1:1, а со истиот резултат заврши и мечот меѓи Сасуоло и Торино. Кротоне на гостувањето славеше против Верона со 3:0, а идентична победа постигна и Болоња но на домашен терен против Беневенто.
На табелата води Наполи со 54 бодови Јувентус е втор со 50 одови и меч поалки а ЛАцион и Интер имаат по 43 бодови. Рома е петта со 40 бодови.