Интер Мајами на Меси против Ал-Наср на Роналдо на 1-ви февруари во Ријад

Американскиот МЛС клуб Интер Мајами и неговата прва ѕвезда, осумкратниот освојувач на Златната топка Лионел Меси, на 1. февруари ќе гостуваат во Ријад, каде ќе одиграат пријателски натпревар против Ал-Наср, тимот за кој настапува Кристијано Роналдо, потврдија двата клуба.

Тоа ќе биде 38-ми пат 36-годишниот Меси и 38-годишниот Роналдо да се сретнат на спротивните страни од теренот, од на 30 од тие натпревари ги носеа дресовите на жестоките шпански ривали Барселона и Реал Мадрид.

Нивниот прв дуел се одигра во далечната 2008 година, а последниот на 19-ти јануари годинава, кога пријателски натпревар одиграа Ал-Наср и Пари Сен Жермен.

Роналдо му се приклучи на саудиски Ал Наср на 30-ти декември минатата 2022 година, додека Меси го напушти ПСЖ на 7-ми јуни оваа година и му се приклучи на тимот од Флорида.

Натпреварот против Ал-Наср е еден од трите кои Интер Мајами ќе ги одигра на азиската турнеја во пресрет на стартот на новата сезона во МЛС.

Три дена пред дуелот со Роналдо, Меси и соиграчите ќе играат против Ал-Хилал на 29-ти јануари, пред американскиот тим да отпатува за Хонгконг, каде на 4-ти февруари ќе игра против тимот составен од кинексите прволигашки играчи од оваа автономна територи.