Интер Мајами на Лионел Меси се пласираше во финалето на Лига купот со победата од 4:1 над Филаделфија Унион во вторникот во Честер, Пенсилванија, при што аргентинската фудбалска ѕвезда постигна гол и во својот шести настап за американскиот клуб.
Интер Мајами рано поведе, Џозеф Мартинез погоди во третата минута од натпреварот, а потоа Меси во 20 минута погоди за 2:0. Уште еден поранешен играч на Барселона, Жорди Алба зголеми на 3:0 во судиското надополнување на крајот на првото полувреме. Фили намали во 73 минута преку Алехандро Бедоја, но Давид Руиз со гол во 84 минута го запечати резултатот и победата на Интер.
Ова е деветти погодок на Меси за неговиот нов тим откако дојде од ПСЖ.
Со финалето Мајами го освои својот прв настап во Купот Конкакаф, лигата на шампиони на екипи од Северна и Централна Америка и Карибите.
Клубот од Флорида, во сопственост на поранашниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој како последен го започна Лига купот во Источната конференција и најлошиот тим во американската Д1, има шест победи во низа од доаѓањето на 36-годишниот Меси. Противник во финалето ќе им биде Нешвил, кој во второто полуфинале на домашен терен го совлада мексикански Монтереј со 2:0.