Интер му се приближи на бод заостанување на Милан

Inter and Napoli at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 16 December 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Во позначајните дуели во средата во рамките на 12-то коло на италијанското фудбалски првенство Интер на својот „Сан Сиро“ го совлада Наполи со 1:0, Јувнетус и Аталанта во Торини ремизираа со 1:1, а водечкиот Милан на гостувањето кај давеникот Џенова на Горан Пандев освои само бод со 2:2.

Интер во тврдиот натпревар победи со голот на Ромелу Лукаку од пенал во 73 минута, а до крајот на мечот работата му ја олесни што притоа поради приговор кај гостите „поцрвене“ Лоренцо Инсиње. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз влеза во игра во 84 минута, кога го замени Диего Демен.

Наполи остана на 23 бодови, но успеа да ја сочува четврттата позиција на табелата. Интер пак со трите бода се одлепи од Јувентус и со 27 бодови е второпласиран со бод помалку од градскиот рувал Милан.

Во второто дерби на колото Јувентус и Аталанта во Торино одигаа 1:1, со промашен панал на Кристијано Роналдо, откако Португалецо во претходните две средби на гости кај Барселона во Лигата на шампионите и лај Џенова во Серија А реализираше по два удара од белата точка.

Аталанта во Торино пристигна со потреси по судирот мешу тренерот Џан-Пјеро Гаспеирни и капитенот Папу Гомез, и ослабена за неиграњето на Јосип Иличич, Марио Пашалиќ, Матија Калдера и КРистијано Пичлини, но „Ле Деа“ успеа да освои бод на гостивањето кај актуелниот шампион.

Јувентис поведе во 29 минута со прекрасниот погодок на Федерико Киеза од 20-ина метри. Меѓутоа гостите во вториот дел израмнија во 57 минута со речиси исто толку убав погодок и од речиси истото место кој го постигна Ремо Фреулер. „Старата дама“ само три минути подоцна можеше повторно да го преземе водството, но Кристијано Роналдо беше прочитан од гостинскиот голман Пјерлуиџи Голони кој го сопре неговиот удар од пенал. Голини беше херој на тимот од Бергано и во 62 минута кога го запре ударот од „зицер“ на Алваро Мората.

Јувентус остана трет со 24 бодови, додека Аталанта со натпревар помалку се одржива на осмата позиција со 18 бодови, пет помалку од последното место кое води во европските купови.

Лидерот на Серија А, Милан ремизираше со 2:2 кај Џенова која се бори за опстанок и која имаше двапати водство. Џенова поведе во 47 минута со голот на Матија Дестро, но по пет минути за Милан израмни Давиде Калабрија. Дестро повторно ги доведе во водство домашните во 60 минута, а бод за „Росонерите“ спаси во 83 минута погодокот на Пјер Калули.

Милан сега на врвот има 28 бодови, додека Џенова и натаму е на 17-то место кое води во втората лига, со седум бодови, три помалку од безбедната зона.

Сасуоло продолжи со добрите резултати и остана непоразен на гости кај Фиорентина. Гостите поведоа во 13 минута преку Хамед Жуниот Траоре, но Душан Влаховиќ во 35 минута реализираше пенал за изрманување.

Сасуоло во моментов е петто пласиран со 21 бод, два повеќе од Рома која во четврток го игра својот натпревар од ова коло во кој го пречекува Торино. Фиорентина, пак, е 17-та со десет бодови, три повеќе од следната Џенова.

Парма и Калјари без постигнат погодок ги поделија бодовите. Парма сега е 14-та со 12 боови, а Калјари има бод повеќе и е 12-ти.

Без победник но со по два постигнати погодока (2:2) одиграа Специја и Болоња, во меч во кој гостите го избегаа поразот во последните моменти од средбата.

Специја имаше сигурно водство со головите на М.Бала Нѕола постигнати во 19 и во 63 минута, но за гостите израмнија Николас Домингез во 72 и Нуса Бароув во втората минута од судиското продолжение.

Специја е 16-та со 11 бодови, а Болоња има 13 бодови и е 13-та на табелата.

Самдоир успеа да оствари важна гостинска победа кај Веорна. Стрелци за гостите беа Албин Екдал во 41 и Валерио Вере во 54 минита, додека привремено надежите на домапните ги врати Матија Закањи кој реализираше пенал во 70 минута.

Верона со неочекуваниот домашен пораз ја пропушти можноста да напредува на табелата, и остана седма со 19 бодови, а Сампдорија направи исчекор од долниот дел и сега со 14 бодови е 11-та.