![ACF Fiorentina vs Internazionale Milano](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/fiorentina-inter.jpg?resize=696%2C494&ssl=1)
Во дербито од 16-то коло на италијанското фудбскало правенство Фиорентина и Интер во Фиренца одиграа без победник 1:1, а домашните се изборија за бод во судиското продолжение.
Интер поведе уште во осмата минута од мечот, а погодокот го постигна Борха Валеро. Интер во продолжението можеше да ги реши дилемите за победникот, но неговите фудбалери заиграа премногу пасивно, а му овозможија на домашниот тим преку Душан Влаховиќ во третата минута од судиското продолжение на мечот да постигне погодок за 1:1.
Интер бодовино се израмни на вровот со Јувентус со 39 бодови, додека Фиорентина е 13-та со 17 бодови.
Рома на својот „Олимпико“ го победи СПАЛ со 3:1, правејќи пресврт во второт полувреме. СПАЛ поведе во 44 минута со голот на Андреа Петања од пенал, но домшнмите во вториот дел постигаа три погодока. Стрелци беа Лоренцо Пелегрини во 53, Диего Пероти во 66 од пенал и Хенрик Мхитарјан во 83 минуата.
Рома моментално е четврета со 32 бодови, еден помалку од третопласираниот градски ривал Лацио и три пред петтиот Калјари, кој во понеделник го пречекува токму римскиот состав. СПАЛ е закован на дното со девет бодови, шест помалку од местата кои гарантираат опстанок во Серија А.
Јувентус со 3:1 го совлада Удинезе, завршувајќи ја целата работа во првото полувреме. Два погодока постигна Крисијано Роналдо, во 9 и 39, а еден Леонардо Бонучи во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во вториот дел Удинезе успеа само да го ублажи поразот, и тоа во четвртата минута од судиското продолжение на мечот.
Јувентус е втор поради послабата гол разлика со 39 бодови, а Удинезе е 17-ти со 15 бодови, два повеќе од зоната која води во понизок ранг на натпрерварување.
Фудбалерите на Аталанта очигледно сѐ уште го славата успехот во Лигата на шампионите и убедливата гостинска победа во Украина против директниот ривал за пласман во осминафиналето, па е поразеена со 1:2 на гостувањето кај Болоња. Родриго Паласио во 12 и Андреа Поли во 53 минута погодија за домаштени, додека за Аталанта голот го постигна Руслан Малиновски во 60 минута/
Аталанта е шеста со 28 бодови, а Болоња со трите бодови стаса до вкупно 19 бодови, со што се оддалечи од опасната зона и е на 11-то место.
Милан како домаќин на „Сан Сиро“ повторно разочара одигрувајќи само 0:0 со Сасуоло. Милан е десетти на табелата со 21 бод, а Сасуоло е 13-ти со 16 бодови.
Во првиот неделен натпревар Верона и Торино одиграа 3:3, а домашните усепаја во последните 20 минути да постигнат три погодока со кои спаси бод. Торино поведе со головите на Кристијано Ансалди во 37 и 61 и на Алекс Бернгуер во 55 минута, но за Верона бодот го спасија Џампаоло Пацини од пенал во 70 минута, Валерио Вере во 77 и Мариуш Спеински во 84 минута. Торино е деветти со 21 бод, а Верона е 12-та со 19 бодови.