Во натпреварот од 5. коло од Лигата на шампионите во групата Ц, фудбалерите на милански Интер на свој терен ја совладаа Викторија Плзен со 4:0.
Победата на италијанскиот клуб значи и дека Барселона, без разлика на исходот од натпреварот против Баерн, продолжува во Лигата на Европа.
Миланскиот клуб се надеваше дека тимот од Плзен ќе успее да оствари поволен резултат, вечерва не беа ни блиску до тоа, згора на тоа, во 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.
Интер поведе во 35. минута со голот на Миктаријан на асистенција на Бастони. На 2:0 зголеми Един Џеко само седум минути подоцна по одличен напад и гол во три потега.
Истиот играч во 66. минута постигна уште еден гол за конечни 3:0. Во 87. минута на стрелците им се приклучи и Лукаку, кој само четири минути порано влезе во игра за конечни 4:0.
Во вториот натпревар во истиот термин Порто исто така со 0:4 славеше на гости кај Клуб Бриж.