Интер со осмата победа по ред на врвот на Серија А

Giuseppe Meazza stadium in Milan 3 January 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на милански Интер го декласираа во второто полувреме Кротоне со конечниот резултат 6:2 (2:2) во првиот натпревар од 15-то коло на италијанската Серија А, што за „Нераѕурите“ е осмата последователна победа со која привремено избија на првото место на табелата.

Кротоне поведе во 12 минута со голот на Николо Занелато, за во 20 минута Лаутаро Мартинез да израмни со првиот од своите три денешни погодоци. Интер дојде во вдоство во 31 минтуа, кога гостинскиот бег Лука Мароне во ободот да спречи шут ја скршна топката во својата мрежа. Кротоне сепак до крајот на првото полувреме израмни на 2:2, кога во во 36 минута Владимир Големиќ беше прецизен од пеналот кој беше досуден по интервенција на ВАР-от.

Во вториот дел Интер потполно го надигра Кротоне. Во 57 минута Мартинез го постигна вториот погодок, а седум минути подоцна Ромелу Лукако со својот 50-ти погодок во дресот на Интер ја удвои предноста на домашните на 4:2. Во 78 минута Мартинез го заокружи „хет-трикот“, кога најбрзо реагираше на одбиената топка по шутот на Иван Перишиќ. Конешните 6:2 ги постави Акраф Хакими во 87 минита.

Кротоне во моментов е претпоследен 19-ти со само девет бодови. Интер, пак, со меч повеќе сега е на врвот на табелата на Серија А со 36 бодови, два повеќе од градскиот ривал Милан.