Интер во полуфиналето на италијанскиот куп

29 January 2020. EPA/MATTEO BAZZI

По Јувентус, Милан и Наполи, пласман во италијанскиот фудбалски куп го избори и Интер кој во последниот четврдфинален дуел ја совлада Фиорентина со 2:1.

„Нераѕурите“ на својот „Сан Сиро“ поведе во 44 минута со голот на Антонио Кандрева. Израмни Мартин Касерес во 60 минута по нафрлување од корнер, но само по седум минути Николо Барела со убав удар од работ на шеснаесетникот донесе нова предност и победа за Интер.

Интер во полуфиналето ќе игра против Наполи, додека во вториот полуфинален дуел ќе се соочат Јувентус и Милан, кој во вторникот по продолжувањето го победи Торино со 4:2. Наполи и Јувентус местото во полуфиналето го изборија минатата седмица со победите над Лацио односно Рома.