Интер за гол подобар од Јуве во дербито на Серија А

Лидерот во италијанската лига Интер ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Јувентус на четири бода благодарение на тесната победа од 1:0 (1:0) на домашен терен во дуелот во Милано.

Интер со мала доза на среќа стигна до победата, бидејќи единствената топка која заврши во мрежата беше несреќниот автогол на Гати во 37. минута. На тој автогол му претходеше обид за атрактивен потег на  Павард, кој сакаше да ја зафати топката со „ножички“ но ја промаши, а откако топката се одби од земја, по неа тргнаа Турам и Гати. Турам трзна со главата но не ја за фати додека топката го погоди Гати во градите и заврши зад Шчесни.

Со оваа победа Интер стигна до 57 бода, додека Јувентус остана на 53, а воедно Интер одигра и меч помалку. Милан е трет со 49 бодови.