До прославата на Нова година ни остануваат уште неколку денови. Возбудата се зголемува, се кројат планови, а ова е вистинскиот момент да прочитате неколку интересни факти за прославата на овој празник.
Зошто треба да славите со луѓе што ги сакате?
Уште од антички времиња, од кога потекнува традицијата за славење на Новата година, се смета дека првите луѓе што ќе ги здогледате откако часовникот ќе отчука полноќ, ќе ви донесат среќа или несреќа, во зависност од тоа дали ги сметате за пријатели или непријатели. Токму затоа, сите сакаат да одат на прослава и да бидат опкружени со своите најблиски и со нив да ја поделат среќата.
Внимавајте на автомобилот
Статистички, на 31 декември се крадат повеќе автомобили отколку на кој било друг празник во текот на годината. За Новата година да ви започне безгрижно, внимавајте на својот автомобил.
Зошто во Њујорк се спушта топка?
Традицијата точно на Нова година, на Тајмс Сквер во Њујорк да се спушта топка започнала во 1907 година, кога првпат била забранета употребата на пиротехника. Таа топка тежела преку 300 килограми, била изработена од железо и дрво и ја осветлувале 100 светилки од по 25 вати. Денес, топката на Тајмс Сквер тежи преку 10 тони, има дијаметар од 3 и пол метри и е украсена со 2668 Ватерфорд кристали.
Храната е важен дел од традициите
Се смета дека ако на прославата на Нова година јадете грашок, шунка или сарми ќе имате среќа во следната година. Ако пак се решите за ракчиња или за пилешко, тогаш нема да имате среќа, бидејќи раковите се движат странично, а кокошките претаат со нозете наназад.
Новогодишни ветувања
Помеѓу 40 и 50 проценти од сите возрасни луѓе си даваат ветување за Нова година, дека ќе станат подобри личности, без разлика дали тоа значи дека треба да ослабат, да ги остават цигарите, да вежбаат повеќе или пак подобро да менаџираат со пари. До средината на јануари, една четвртина од оние што си дале ветување се откажуваат.