
Утревечер, 27 мај, со почеток во 19,30 часот, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе започне десеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.
Покрај доделувањето на наградата Астер за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм на режисерот Борис Геретс и специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева, премиерно ќе биде прикажан и краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер кој го доби Оскарот оваа година.
Жирито кое ќе ги оценува филмовите во компетиција е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиол и Стефан Шашков. Фестивалот ќе се одржува под мотот „Ново и старо“, а завршува в сабота со проекција на наградените филмови.