
Денеска Интернетот полни 50 години. Всушност, 29 октомври 1969 година е датумот кога првиот пакет со податоци беше пренесен меѓу два компјутера на Универзитетот во Лос Анџелес. Тогаш, мрежата не се викаше Интернет, туку Арпанет и беше проект изготвен по барање на американскиот Стејт департмент.
„Таткото“ на Интернетот, Тим Бернерс-Ли, го револуционираше Интернетот 20 години подоцна. Во 1989 година тој во Женева претстави теоретска основа на светската мрежа, додека во 1991 година беше активирана првата веб-страница со име „info.cern.ch“. Денеска Интернет стана глобална телекомуникациска мрежа којашто денес поврзува милијарди луѓе и компании.