Интерпол распиша жолта потерница по малата Данка од Србија

Интерпол распиша жолта потерница по исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ, објави на социјалните мрежи претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ.

На веб-страницата на Интерпол се наведува дека девојчето има една година, го опишува нејзиниот физички изглед и карактеристичните детали, како бенка на левата надлактица и бенка на левото уво.

Девојчето исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.

Денеска се појави видео од девојче кое личи на Данка, снимено во Виена.

Виенската полиција го испрашала државјанин на Србија кој живее во главниот град на Австрија кој ја направил снимката.