Интерпол се вклучи во потрагата по Дениса

Интерпол се вклучи во потрагата по дваесет и тригодишната Дениса Маркоска од Прилеп, која мистериозно исчезна од брод за крстарење во близина на Крит.

Таа исчезна на 12. септември во морето меѓу Карпатос и Крит.

Сите што имаат некакви податоци за неа, се замолуваат да ја контактираат локалната полиција или директно Генералниот секретаријат на Интерпол.

Истрагата за тоа што се случило со прилепчанката која две години работела на бродот за крстарење се уште трае, а семејството се надева на некакви податоци кои можат да ја расветлат нејзината судбина.