Интервју со Груевски во вестите на ТВ Сител

Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на две години затвор за случајот „Тенк".

Поранешниот премиер Никола Груевски вечерва за првпат ќе се појави во медиум по неговото бегство во Унгарија. Груевски ќе биде дел од информативно издание на ТВ Сител, во вестите во 16 часот.

Телевизијата најави вклучување во живо од Будимпешта во првиот информативен појас.

Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на две години затвор за случајот „Тенк”.