Со оглед на тоа дека се поголем е бројот на јата медузи во морињата и океаните ширум светот,н ема да можеме мирно да се капиме, предупредуваат експертите кои велат дека ова е последица на прекумерниот риболов и климатските промени.
Од африканското крајбрежје преку Средоземното, Балтичкото и Јадранското море, па се до американските и азиските заливи, јатата медузи се сè поголеми и поголеми.
Бројот на нивните жртви постојано расте, а тие исто така ја прават рибата несоодветна за човечка употреба, бидејќи ја контаминираат со својот отров.
Експерти и натаму се обидуваат да сфатат што довело до нивно масовно размножување.
Исчезнувањето на големите предатори е уште една причина за зголемувањето на бројот на медузите. Имено ајкулите, туните и желките, се сметаат за главен регулатор на популацијата на медузи, а нив во морињата ги има се помалку.
Медузите се појавиле пред околу 650 милиони години, а денес има неколку илјади видови.