Според една од мерките невработените имигранти од други земји-членки на ЕУ , кои веќе се на британска територија, нема да добиваат станбена помош до април оваа година.
Министерот за внатрешни работи Тереза Меј и министерот за пензиското осигурување Иан Данкан Смит, изјавиле за британскиот весник „Дејли Меил“, дека ќе се обидат да ја спречат експлоатацијата на британскиот систем за социјална помош. Невработените имигранти ќе имаат пристап само до помош за барање работа во период од шест месеци. Тримесечната забрана за помош за невработени веќе е стапена во сила.
Забраната доаѓа по намалувањето на ограничувањата за работа на Бугари и Романци во Велика Британија од почетокот на оваа година.
„Луѓето од странство веќе не може да се надеваат дека ќе дојдат тука и ќе добјат нешто во замена за ништо“, истакнале британските министри пред „Дејли мејл“, додавајќи дека имиграцијата исклучително многу придонела за Велика Британија, но треба да биде контролирана.
Сеочекува тримесечната забрана за помош на невработените имигранти да биде продолжена.