„Жешките летни денови Општина Аеродром ги користи за инвестиции во инфраструктурата кои во текот на јули продолжуваат со несмалена динамика. Реализираме проекти кои го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата“ – пишува Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, објавувајќи видео на својата Фејсбук страна.
„Реконструкцијата на „Мите Богоевски“ опфаќа поставување на нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1.245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски“ – вели Муцунски.
Градоначалникот Муцунски, објавувајќи го видеото на својата Фејсбук страна, потенцираше дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација, кон кои вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија, затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации.
– Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус – вели градоначалникот Муцунски.