![aleksandar-georgiev500-480x269](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/aleksandar-georgiev500-480x269.jpg?resize=480%2C269&ssl=1)
Владата веќе објави дека согласно формулираната стратегија за водостопанство се планира еден доста обемен и амбициозен инвестициски циклус на полето на водостопанството, во висина од инвестиции од најмалку 20 милиони евра годишно за овие потреби на модернизација и развој, и тој циклус најефективно и продуктивно би можело да се реализира преку едно вакво централно и оперативно тело.
„Анализите покажаа дека во сегашната форма на организирање и работа на водостопанствата се забележуваат слабости од повеќе аспекти: системски, технички, финансиски, орагнизациски. Согласно проценките на Бирото за судски вештања постојат 3 групи на постоечки водостопанства категоризирани согласно нивната продуктивност и тоа водостопанства кои остваруваат позитивни резултати и работат со добивка: Скопје, Битола, Прилеп и Радовиш, водостопанства кои остваруваат добивка, но кои треба да преземат активности за подобрување на наплатата Куманово, Кочани, Кавадарци и Струмица и водостопанства кои покажуваат послаби резултати: Берово, Гостивар, Гевгелија и Ресен,“ информираат од Владата.
Со креирањето на ова централно друштво би се надминале дисбалансите, би се оствариле услови за размена на стручни и технички знаења и би се остварила заедничката стратегија за развој. Исто така со креирањето централното друштво ќе се обезбедат поголем број на кадровски зајакнувања и вработувања претежно со стручни лица на кои ќе се темели идниот развој на оваа дејност. Ќе се обезбеди и подобрување на услугите кон земјоделците и подобрување на реализацијата на обезбедување на приходи.