Група инвеститори ја тужеше Финска пред Меѓународниот арбитражен суд поради обидот на регулаторот да го ограничи зголемувањето на цените за пренос на електрична енергија за потрошувачите, потврди финското Министерство за надворешни работи.
Американската инвестициска компанија KKR, шведскиот пензиски фонд AMF и канадскиот пензиски фонд OTTP подигнале две тужби против Финска пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) при Светската банка.
Со потпишувањето на Енергетската повелба, Финска се обврза да не ја менува регулативата и ја прекрши оваа обврска, според инвеститорите, сопственици на околу 20 отсто од акциите во најголемата финска компанија за дистрибуција на електрична енергија „Caruna“.
„Добивме во август, преку ICSID во Вашингтон, барање за арбитража и ја проучуваме неговата содржина“, изјави за Reuters Марија Похјанпало, виша советничка за трговска политика во финското Министерство за надворешни работи.
Таа не сакала да каже дали Финска ќе го следи примерот на група членки на Европската унија кои во мај заклучија дека Унијата како целина треба да се повлече од Енергетската повелба.
За да го ограничи поскапувањето на струјата и да одговори на барањата на незадоволните граѓани, финскиот регулатор ја смени методологијата за пресметување на максималната добивка што сопствениците на мрежата можат да ја задржат на почетокот на годината. Регулативата ја надувува вредноста на мрежата и резултира со неоправдано зголемување на цените на преносот, објаснија тогаш.
Продажбата ќе расте и по измените на регулативата, но за четири до 10 отсто со побавно темпо до 2031 година отколку што би пораснале доколку не ги сменевме, процени тогаш регулаторот.
„Со ненадејни и значајни промени на долгогодишните регулативи во енергетскиот сектор, Финската агенција за енергетика ја поткопа стабилноста и ги прекрши обврските на Финска од Енергетската повелба“, напиша канадскиот пензиски фонд како одговор на барањето на Reuters преку е-пошта, и слична порака испрати и американската ККR.
„Бараме компензација за загубите што ги претрпевме ние, а со тоа и нашите членови кои штедат за пензионирање“, напиша шведскиот пензиски фонд во еелектронска пошта до Reuters.
Финскиот регулатор не сакал да одговори на барањето на Reuters да го коментира спорот.
Тужбата на инвеститорот е „тешка“, според прелиминарната проценка, околу две милијарди евра, изјави информиран извор за Reuters. Доколку меѓународниот центар ги прифати барањата на инвеститорите, процесот може да потрае со години, забележува Reuters.
Финска, инаку, до мај 2022 година увезуваше електрична енергија од Русија, што беше прекинато поради неплаќања од страна на финскиот оепратор со мрежата „Fingrid“, елумно и како последица од западните санкции поради руската инвазија во Украина, како и тоа што тогашната премиерка Сана Марин почна со заговарање на отстапувањето на децениската воена неутралност на норидиската земја која со Руската Федерација има граница долга над 1.000 километри, и за влез во НАТО.