Денеска истече рокот од 8 работни дена за пронаоѓање на инвеститорот на дивоградбата која што е во изградба пред Трговскиот центар Мавровка.
Од општина Чаир за Сител велат дека утре почнува постапката за јавната набавка за избирање на економски оператор кој ќе го отстрани безправно изградениот објект.
Оттаму појаснуваат дека во зависност од времетраењето на процедурата, објектот кој никна пред ТЦ Мавровка би требало да се отстрани за 30 до 40 дена.