Инзаги: Ќе се обидеме да го искористиме домашниот терен и да славиме

Тренерот на Милан, Филипо Инзаги, го пофали ривалот Јувентус, како и да е, изјави дека ќе се обиде да победи во дерби натпреварот во домашното фудбалско првенство.

„Двобојот ќе биде интересен, Јувентус е со одличен квалитет, затоа ќе се обидеме да ја искористиме домашната предност и да славиме“, вели Инзаги.

„Доколку целта е победа, треба да бидеме совршени и навивачите да го сторат тоа што најдобро го прават“, додава италијанскиот фудбалски стручњак.

„Јуве е најдобриот ривал, со врвни фудбалери во задниот ред. Наша цел е да се можеме пофалиме со успех токму против најквалитетниот клуб“, истакна одличниот тренер од Градот на модата.

Како Милан, така и составот од Торино досега успеа да оствари две победи во италијанското фудбалско првенство.

„Ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво, дерби е. Тие се мотив“, заклучи Инзаги.