Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги сподели дека на полувремето, на мечот против Киево, кој заврши нерешено 1-1, сакал да го „испрати на одмор“ целиот тим.
„Не можеше да играме полошо во првото полувреме. Им кажав на момците дека прават големи грешки и дека треба да имаме поголема одговорност. Ова беше најлошото прво полувреме, кое сум го видел овие три години како тренер“, изјави Инзаги за италијанските медиуми.
Тој додаде дека сакал да ги смени сите 11 играчи, но бидејќи немал таква можност ги замолил поинаку да се претстават во второто полувреме. „Преземам одговорност, но очекував повеќе од мојот тим“, заклучи Инзаги.
Мечот против Киево заврши нерешено, откако за домаќините успеа да реализира Имобиле, во 66-тата минута. За првпат од почетокот на сезоната Лацио отпадна од топ-4 во Серија „А“ и сега е на петтата позиција, со еден бод помалку од Милан.